Ocenite tekst
Денеска 05.11.2024 год., Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално го објави новиот јавен повик бр. 02/2024 за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД III програмата.
Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесува 14 милиони евра, а апликантите може да побараат неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра кој ќе покрие 60-75% од прифатливите трошоци за инвестиции во следните приоритетни сектори:
На јавниот повик може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност. Прифатливи трошоци во рамки на инвестициите се изградба/реконструкција на објекти, набавка на нови машини, опрема, фотоволтаици итн.
Јавниот повик ќе трае 45 дена, а крајниот рок за поднесување на проектни апликации е 20.12.2024 год.